Мудра Мисла

Направив се што направи Фред, само наопаку и на високи потпетици.
Џинџер Роџерс

 language  


содржини преку RSS 

добредојдовте
Акција Здруженска работи на јакнење и развој на женското движење во Македонија, компетентно во поглед на човековите права на жените и прашањата за родовата еднаквост, во согласност со глобалните залагања и потреби на овој план. Основна определба на организацијата е да ги јакне знаењата, вештините и способностите за идентификување и одговор на специфични потреби на Македонија во поглед на родовата еднаквост.
,,Информираноста на студентите и студентките за родовата проблематика и потребата за нејзина имплементација во наставните содржини на Филозофскиот факултет”

Во текот на 2011 е спроведено истражување од двајца волонтери на Акција Здруженска, студенти на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“-Скопје.


повеќе...

Aналитички осврти-студии за прашања од областа на социјалната инклузија

Во рамките на програмската област Социјална инклузија, Акција Здруженска во текот на 2011 година изготви серија аналитички осврти со цел да ја промовира родовата анализа како алатка за креирање мерки и спроведување на политики од областа на социјалната инклузија. Во април месец излезе првиот аналитички осврт „Воведување на родовата анализа во истражувањата за социјалната инклузија“.

Во септември излезе вториот аналитички осврт „Прашањето на Отворениот метод на координација (ОМК) и родот во Европската Платформа за борба против сиромаштијата и социјалната исклученост“.

Третиот аналитички осврт „Родовите прашања и инклузивноста во Националната Стратегија за е-вклучување на Р.Македонија, 2011-2014“ излезе во октомври 2011.


повеќе...

Конференција „ Кон функционален и ефективен модел за вклучување на родовата перспектива во главните текови, политики и практики во РМ „

30 ноември 2011 во Холидеј Ин, Скопје

11:00 – 14:00 часот

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска на 30 ноември 2011 година (среда) во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 11.00 часот организира конференција на тема Кон функционален и ефективен модел за вклучување на родовата перспектива во главните текови, политики и практики во РМ“

Конференцијата ќе се фокусира на институционалната рамка за родова еднаквост во РМ, односно на откривање на слабите и јаките страни на македонскиот модел за вклучување на родовата перспектива во главните текови, политики и практики, со цел да се развијат предлози за негово унапредување.


повеќе...

Дебата„Воведување на родовата анализа во истражувањата за социјалната инклузија“

Здружението на граѓани Акција Здруженска организираше промоција на аналитички осврт „Воведување на родовата анализа во истражувањата за социјалната инклузија“ која се одржa на 13 април (среда) во просториите на ГЕМ Клуб во Скопје од 11:00 до13:00 часот.


повеќе...

Форум „Ефективноста на постоечките практики на следење и оценка на напредокот во примената на специфичните политики за родова еднаквост во Р. Македонија: состојби и предизвици“

Здружението на граѓани Акција Здруженска на 21.12.2010 во хотел Холидеј Ин во Скопје одржа форум на тема „Ефективноста на постоечките практики на следење и оценка на напредокот во примената на специфичните политики за родова еднаквост во Р. Македонија: состојби и предизвици

 


повеќе...

Конференција „Спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите од страна на органите/телата на ЕЛС„

Здружението на граѓани Акција Здруженска на 25 јануари 2011 во Холидеј Ин, Скопје одржа конференција „Спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите од страна на органите/телата на ЕЛС„ .

На конференцијата беа презентирани резултатите од спроведениот мониторинг на работата на различните структури во 7 општини во однос на спроведување на обврските од Законот за еднакви можности на жените и мажите.


повеќе...

Дводневна работилница за “Проценка на собраниот материјал и насоки за финализирање на мониторинг извештаите“

Од 30-31.10.2010 во Хотел Амбасадор во Скопје се одржа дводневна работилница за “Проценка на собраниот материјал и насоки за финализирање на мониторинг извештаите“, на која присуствуваа мониторинг тимовите од организациите опфатени со проектот „Ефективен одговор за родова еднаквост на локалната самоуправа во Р. Македонија“.


повеќе...

Работилница „Идентфикување на постоечки практики/механизми за информирање, консултации и соработка на локалните власти со НВО во унапредувањето на еднаквите можности на жените и мажите“.

Од 06-07.11.2010 во Хотел Алпина во Маврово се одржа дводневна работилница за „Идентфикување на постоечки практики/механизми за информирање, консултации и соработка на локалните власти со НВО во унапредувањето на еднаквите можности на жените и мажите“, на која присуствуваа претставнички на женски граѓански организации кои беа вклучени во процесот на мониторинг во однос на имплементацијата на Законот за еднакви можности на жените и мажите во 7 општини, како и претставници на надлежните органи и тела од тие општини кои се одговорни за имплементацијата на Законот.


повеќе...

Дводневна работилница „Принципот на еднакви можности на жените и мажите во работата на органите и телата во ЕЛС Битола“

Од 14-16.05.2010 год. во Х. Ривиера, Охрид се одржа дводневна работилница „Принципот на еднакви можности на жените и мажите во работата на органите и телата во ЕЛС “ на која присуствуваа 16 претставници на Советот и општинската администрација на Општина Битола.


повеќе...

Дводневна работилница „Принципот на еднакви можности на жените и мажите во работата на органите и телата во ЕЛС Куманово“

Од 8-10.06.2010 год. во Х. Макпетрол, Маврово се одржа дводневна работилница „Принципот на еднакви можности на жените и мажите во работата на органите и телата во ЕЛС“ на која присуствуваа 14 претставници на Советот и општинската администрација на Општина Куманово.

 


повеќе...

Прва дводневна работилница за мониторинг тимовите на локални НВО

„Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“.

Прва дводневна работилница за мониторинг тимовите на локални НВО „Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“.

Од 28-30.05.2010 год. во Х. Белведере, Охрид се одржа дводневна едукативна работилница „Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“на која присуствуваа 22 монитори од 11 НВО.


повеќе...

Втора дводневна работилница за мониторинг тимовите на локални НВО

„Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“.

Втора дводневна работилница за мониторинг тимовите на локални НВО „Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“.

Од 25-27.06.2010 год. во Х. Алпина, Маврово се одржа втора дводневна работилница „Развивање рамка за следење на спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите на локално ниво“на која присуствуваа 21 монитор од 11 НВО.


повеќе...

Претходна страна
Следна


ТОП ВЕСТИ

ПРЕБАРАЈ
критериум... 
 
 

ПАРТНЕРИ И ДОНАТОРИ




© 2005 Сите права се задржани - Акција Здруженска