Мудра Мисла

Не ме лишувај од моите години. Јас ги заработив.
Меј Сартон

 language  


содржини преку RSS 

Консултативна средба „ Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените во претпристапната помош на Европската комисија за Македонија " [12/16/2008 4:01:19 AM]

Здружението на граѓани Акција Здруженска на 15.12.2008, во хотел Карпош, Скопје одржа консултативна средба на тема Родовата еднаквост и зајакнувањето на жените во претпристапната помош на Европската комисија за Македонија ".

Консултативната средба овозможи иницирање дијалог помеѓу претставници од невладините, владините и претставниците од Европската унија во Македонија, како и останати релевантни организации, околу процесот на интегрирање и операционализација на родовата еднаквост како хоризонтално прашање во планирањето и имплементацијата на претпристапната помош за Р.Македонија.

Дискусијата беше заснована на наодите од иницијалната проценка спроведена од Акција Здруженска во рамките на активностите на Меѓународната мрежа за родови политики, со цел реафирмирање на родовата еднаквост како еден од клучните принципи на развојната помош на Европската унија.


  печати


ТОП ВЕСТИ

ПРЕБАРАЈ
критериум... 
 
 

ПАРТНЕРИ И ДОНАТОРИ




© 2005 Сите права се задржани - Акција Здруженска