Мудра Мисла

Феминизмот е радикален став кој тврди дека жените се човечки суштества.
Черис Крамерае

 language  


содржини преку RSS 

„НЕ НАСЕДНУВАМ“ [4/3/2009 3:53:25 AM]

КАМПАЊА ПРОТВ РЕТРОГРАДНИТЕ ВРЕДНОСТИ И РОДОВИ СТЕРЕОТИПИ

8мо мартовска фешта

 

Во рамките на кампањата "Не наседнувам!", на 8-ми март 2009 год. на повеќе локации во Скопје беа изведени неколку акции.

Целта на овие акции е деконструирање на идејата за празникот на жената, од ден во кој тие ја прославуваат својата еднодневна слобода од стегите на домот и кариерата во ден во кој треба да го кренат гласот против угнетувачките и репресивни политики кои директно ги загрозуваат нивните репродуктивни права и правото на избор.

За таа цел на Улица Македонија, Плоштад Македонија, трговскиот центар Рамстор и цветниот пазар се делеа картички и долнa облека со некои од главните пораки на оваа кампања, а на надвозникот на булевар Гоце Делчев (пред стоковна куќа Мост) беше поставувено големо платно со испишана порака “Абортирај го шовинизмот”.

Финалето беше закажано за вечерта во 20 ч. во мезе-барот Сопотско, каде што во рамките на "Не наседнувам! – 8-мо мартовската фешта", свои пригодни ди-џеј сетови имаа Соња Исмаил и Ивана Драгшиќ, гостите беа послужени со пригодни закуски направени специјално за оваа прилика од тимот “Сиебалевекот”, а им беа поделени и подароци на присутните.

 


  печати


ТОП ВЕСТИ

ПРЕБАРАЈ
критериум... 
 
 

ПАРТНЕРИ И ДОНАТОРИ




© 2005 Сите права се задржани - Акција Здруженска