Мудра Мисла

Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
Маргарет Тачер

 language  


содржини преку RSS 

НЕ НАСЕДНУВАМ! [6/16/2009 4:36:12 AM]

ПЛОШТАД СЛОБОДА

Активностите на Кампањата „ Не наседнувам!!"во еден перидот беа ставени во мирување заради изборната кампања.

Во меѓувреме, Уставниот суд ги поништи најголемиот дел од законските решенија кои беа предмет на Кампањата „ Не наседнувам!!", а очекуваната владина кампања за последиците од абортусот не се реализираше со што планираното поднесување на потписите од петицијата до релевантните институции стана беспредметно.

Спласнатата атмосфера и недостигот од провокација во однос на иницијалните прашања заради кои започна Кампањата, ја наметна потребата од промена на нејзиниот фокус.

Насилството и ограничувањето на правото на протест за време на мартовските настани на Градскиот плоштад во кои учествуваа членки на Акција Здруженска, беше повод и соодветна провокација организацијата да се приклучи во иницирањето, организирањето и спроведувањето на акцијата „Плоштад слобода„.

Целта на АЗ во склоп на акцијата беше да се реагира на ограничувањето на цивилниот простор, етикетирањето, наметнувањето на или-или идентитети и воопшто наметнати и однапред утврдени избори, но од женска перспектива. Клучната поента на Плоштад Слобода беше приказ на градот како глас, градот како топос од кој се слушаат и малцинските гласови, гласовите на различните. Агендата на АЗ за овој настан беше вклучување на женскиот глас и женската перспектива во градското гласовно различие.

Клучната порака од нашиот сегмент од акцијата беше прашањето „Имам ли избор?„ проследено со начесто промивираните дуализми во нашиот контекст: Курва – Светица, Млада невеста-Стара мома, Понежен пол-Сомнителен пол, Домаќинка-Параспур, Преродбеничка-Комуњарка, Мајка Жртва-Себична чедоморка. Пораките беа испечатени на престилки и торбички за пазарење како општоприфатени „женски додатоци„. Воедно беше изработено првото македонско феминистичко знаме. Истите предизвикаа големо внимание кај протестантите и медиумите кои го проследија настанот.


  печати


ТОП ВЕСТИ

ПРЕБАРАЈ
критериум... 
 
 

ПАРТНЕРИ И ДОНАТОРИ




© 2005 Сите права се задржани - Акција Здруженска