Мудра Мисла

Направив се што направи Фред, само наопаку и на високи потпетици.
Џинџер Роџерс

 language  


содржини преку RSS 

ФемФест фестивал [6/29/2009 6:12:18 AM]

29.06.-05-07.2009, Прилеп и Скопје

*Што е ФЕМФЕСТ?*

ФЕМФЕСТ е фестивал на музика, уметност и работилници направен од жени :)
На фестивалот ќе се одржат концерти на девет женски / мешани бендови и диџеј сетови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Чешка.

Покрај забавниот дел, Фемфест, исто така, ги носи темите: Дискриминација на жените на пазарот на трудот, Влијанието на денешните медиуми врз жените, Жените Ромки помеѓу сексизмот и расизмот во Македонија итн.

Добре дојдени сте сите! Дојдете да славиме заедно!
Фемфест е организиран од Здруженијата на граѓани/ки Мировна Акција (http://www.mirovnaakcija.org/ ), Акција Здруженска и многу пријателки и пријатели.

Да го растресеме патријархатот, да зборуваме за сексизмот и дискриминацијата, да зборуваме за работите околу нас, да обрнеме внимание на тоа што се случува околу нас, да зборуваме за тоа што се премолчува и ретко се зборува, да ја размрдаме пасивноста. Сакаме да го предизвикаме системот на вредности кој ни се наметнува, кои ја ограничуваат, врзуваат, газат, условуваат, експлоатираат, угнетуваат индивидуата, а посебно оние кои и се наметнуваат на жената.

Да го промениме статусот кво кој ни е даден во општеството, да креираме простор на солидарност наместо натпреварување, каде секој/а е прифатен/а и помогнат/а.

Истовремено да ја славиме женската креативност,да се забавуваме, танцуваме, уживаме ...

Веб страна на ФемФест www.femfestmk.wordpress.com.


Програма:

Понеделник: 29.06.2009

19:00 Отварање на фестивалот во Скопје:
Музичка продавница „Maximum RnR“ (зад автобуска постојка Ким)

Концерти:
*GRAHAM YOUNG* (Mакедонија)
*MY NAME IS ANN* (Чешка)

-----------------------------------

-----------------------------------

ПРИЛЕП

Вторник 30.06.2009
21:30ч. Апореа
Концерти:
*MY NAME IS ANN* (Чешка)
*DJ Vera Umka* (Македонија)

---------------------------------------------------------------------

Среда 01.07.2009
ПРИЛЕП

Место: Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп (во читалната)
16:45 – 17:00 Трговија со луѓе и феминизмот (видео перформанс)
17:00 – 19:00 Дискриминација на жената на пазарот на трудот (семинар)
- Тони Талески (ССМ Прилеп)
- Моника Талеска (независнa новинарka)

21:30 АПОРЕА
Концерт:
* BERNAYS PROPAGANDA* (Mакедонија)

----------------------------------------------------------------------

Четврток: 02.07.2009
ПРИЛЕП

Место: канцеларија на Мировна Акција:
13:00 – 15:00 „Стрип работилница – прв дел“

Место: читална на Градска Библиотека „Борка Талески“ - Прилеп:
16:45-17:00 Трговија со луѓе и феминизам (видео перформанс)
17:00 - 19:00 Семејно насилство (семинар)

21:30 АПОРЕА:
Концерт:
* FIGHTING WINDMILLS* (Mакедонија)

----------------------------------------------------------------------

Четврток: 02.07.2009
СКОПЈЕ

Место: Културен центар “Точка"
19:00 Жените во технологијатa ”Дигитиална граница”
(панел дискусијa)

----------------------------------------------------------------------

Петок: 03.07.2009
ПРИЛЕП

Место: канцеларија на Мировна Акција
13:00 – 15:00 „Стрип работилница - втор дел“

Место: читална на Градска Библиотека „Борка Талески“ - Прилеп
16:45 -17:00 Трговија со луѓе и феминизмот (видео перформанс)
17:00 – 19:00 Дисциплинирање на жеското тело (seminar)
- Акција Здруженска, Скопје

21:30 АПОРЕА:
Концерти:
*LIRAVEGA* (Србија)
*DЈ Jasmina* (Босна и Херцеговина)

---------------------------------------------------------------------

Сабота: 04.07.2009
ПРИЛЕП

Место: читална на Градска Библиотека „Борка Талески“ - Прилеп
17:00 – 19:00 Ромската жена помеѓу расизмот и сексизмот, случај Македонија
- Ениса Еминовска
- Несиме Салиоска

21:30 АПОРЕА
Концерт:
*Ž/buka* (Хрватска)
*DЈ Vera Umka & Pit the Sample* (Mакедонија)

----------------------------------------------------------------------

Недела: 05.07.2009
СКОПЈЕ
16:00 – 20:00 Градски парк - Скопје

Концерт:
*Sludge* (Македонија)
*Fighting windmills* (Македонија)
*Lira Vega* (Србија)

+ DJ сетови

и
Изложба на Стрип работилницата;
Делење на брошури, маички, чанти со пароли итн;
Штанд за рачно направена бижутерија;
Графити арт на големо платно;
Краток курс за фотографија.

*Влезот е слободен на сите работилници и концерти!



  печати


ТОП ВЕСТИ

ПРЕБАРАЈ
критериум... 
 
 

ПАРТНЕРИ И ДОНАТОРИ




© 2005 Сите права се задржани - Акција Здруженска