Мудра Мисла

Во политиката, ако сакаш нешто да биде кажано, повикај маж. Ако сакаш нешто да биде сторено, повикај жена.
Маргарет Тачер

 language  


содржини преку RSS 

Семинар на тема „Кон поефективно спроведување на Законот за еднакви можности за жените и мажите во Општина Куманово “ [2/19/2010 5:36:57 AM]

Кружна сала – комитет Куманово

24 Февруари 2010, 11 часот

Здружението на граѓани Акција Здруженска во соработка со Општина Куманово и Женски Центар „Жена на 21 век“, организира семинар на тема: „Кон поефективно спроведување на Законот за еднакви можности за жените и мажите во Општина Куманово„, кој ќе се одржи на 24 февруари (среда) во 11 часот во Кружна сала – комитет Куманово.

Целта на овој семинар е да се отвори дискусија во однос на специфичната улога и надлежност на секоја од релевантните структури на локалната власт, женскиот активизам и останатите организации/институции во Општина Куманово во спроведувањето на Законот за еднакви можности за жените и мажите.

Воедно, семинарот ќе претставува можност за меѓусебно информирање на учесниците за плановите и приоритетните активности од страна на релевантните актери во Општината и модалитетите на соработка во насока на остварување на целите на Законот.

Како основа за дикусија, на семинарот ќе бидат презентирани наодите од анализата Мониторинг на примената на Законот за еднакви можности на жените и мажите во рамките на локалната самоуправа во Република Македонија, спроведена од страна на Акција Здруженска во 2008 година со цел да се обезбедат релевантни информации за тоа колку и како се спроведува Законот од страна на надлежните актери во единиците на локалната самоуправа и да се развијат насоки за негова поуспешна имплементација.


  печати


ТОП ВЕСТИ

ПРЕБАРАЈ
критериум... 
 
 

ПАРТНЕРИ И ДОНАТОРИ




© 2005 Сите права се задржани - Акција Здруженска