Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска – Скопје објавува конкурс за работно ангажирање на определено работно време за позицијата Координатор/ка за администрација и финансии.
Работниот ангажман ќе биде склучен до крајот на 2026 година, со можност за продолжување на работниот договор. Избраниот/ната кандидат/ка се очекува да започне со работа на 01.09.2026 година.
Избраниот/ата кандидат/ка ќе биде одговорен/на за координација на административните и финансиските процеси во рамки на работата на Здружението, како и за поддршка во спроведувањето на проектните активности.
Работни задачи
• Подготовка и архивирање на проектната и финансиската документација
• Подготовка и правење исплати на банкарски налози и средување на финансиската документација;
• Навремена достава на потребни документи за сметководствени услуги во сметководството
• Подготовка на годишни и проектни буџети
• Реализација и следење на трошоците во рамките на планираниот буџет на организацијата, партнерските организации и грантистите во согласност со барањата на донаторот и македонското законодавство
• Редовно известување за текот на трошењата
• Подготовка на периодични и завршни финансиски извештаи
• Подготовка на документација за потребите на ревизијата
• Обезбедување административна и логистичка поддршка при организирањето на настани
• Организирање патни аранжмани и сместување
• Извршување на постапка за набавки
• Подготовка, организација и координација на документација поврзана со вработување, работни односи и други ангажмани и прашања поврзани со човечки ресурси во Здружението
• Флексибилен пристап кон работното време и навремено исполнување на обврските во согласност со барањата и временската рамка на проектите
• Други задолженија поврзани со имплементацијата на Програмите на Здружението
Висина на надоместок
Бруто месечниот надоместок за позицијата изнесува 80.000 денари за ангажман со полно работно време.
Услови за кандидатите/ките
Кандидатите/ките треба да ги исполнуваат следните услови:
• Диплома за завршено високо образование;
• Одлични вештини на информатичка технологија, особено познавање на програмата Excel;
• Најмалку 5 години работно искуство во областа на финансии и администрација;
• Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (ИПА проекти, Европска Унија, Европската Комисија итн.);
• Одлични познавања на македонски и англиски јазик;
• Развиени комуникациски вештини и вештини за тимско работење;
• Насоченост кон навремено исполнување на зададените задачи;
• Да поседува возачка дозвола од Б категорија.
Предност ќе имаат кандидатите/ките кои:
• Имаат искуство во работа со граѓански организации;
• Имаат искуство во спроведување на проекти кои вклучуваат регрантирање;
• Имаат способност за тимска работа, комуникациски вештини, самоиницијативност и посветеност.
Рок и начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати/ки најдоцна до 15.07.2026 година треба да ги испратат следните документи:
• Работна биографија со претходно искуство на сродни позиции;
• Мотивационо писмо;
• Уверенија за завршено образование (формално и неформално);
• Најмалку две препораки од претходни работодавачи.
Пријавите со потребните документи треба да се испратат на следниот e-mail: [email protected] со назнака: „Конкурс за работно ангажирање на Координатор/ка за админ и финансии“.
Начин на избор
Кандидатите/ките кои ќе ги достават бараните документи и ќе влезат во потесен круг на избор ќе бидат повикани на интервју.

