Приоритетите за подобар живот ги утврдија жените од Гуѓанци, ќе бараат решенија од локалната власт

Во рамки на активностите на Граѓанската иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, се одржа средба со жените од селото Гуѓанци, на која беа финализирани предлозите за приоритетни прашања од значење за подобрување на условите за живот во локалната заедница. Преку отворена дискусија и размена на мислења, учесничките ги идентификуваа клучните потреби и предизвици со кои се соочуваат жителите, ставајќи акцент на прашањата што директно влијаат врз нивното секојдневие.

Утврдените приоритети ќе претставуваат основа за понатамошно застапување пред локалната самоуправа, со цел потребите и предлозите на жените од Гуѓанци да бидат препознаени и соодветно вклучени во креирањето на локалните политики, програми и активности. Ваквиот пристап овозможува жените од руралните средини активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки и да придонесуваат кон развојот на заедницата во која живеат.

Активностите на ГИЖ Свети Николе се насочени кон поттикнување на граѓанското учество и зајакнување на гласот на жените во локалните процеси на одлучување. Преку нивно организирање, меѓусебно поврзување и заедничко дефинирање на приоритетите, се создаваат можности за поинклузивно и поодговорно локално управување, во кое потребите на жените ќе бидат слушнати и земени предвид при носењето одлуки што ја засегаат целата заедница.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.