Здружението Радика Де, успешно ја реализира теренската едукација посветена на жените од локалните заедници. Учеснички од Долно Косоврасти, Могорче, Будулец и Тикварци активно учествуваа во едукативни активности, дискусии и размена на искуства.
Едукацијата се фокусираше на три клучни области: образование, здравје и социјална заштита, а жените споделија предизвици, идеи и лични приказни, со што создадоа силна заедничка поддршка и мотивација за понатамошно делување во заедницата.





