Претставнички на локални женски организации неодамна остварија средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Северна Македонија, Ola Sohlström, на која се разговараше за значењето на женското лидерство, локалниот активизам и поддршката за родовата еднаквост.
На средбата, жените кои активно делуваат во своите заедници, на средбата со амбасадорот ги споделија своите искуства, предизвици и успеси, истакнувајќи дека преку солидарност, меѓусебна поддршка и заеднички ангажман можат да се постигнат значајни општествени промени.
Во разговор исполнет со идеи, енергија и мотивација, беше нагласена важноста од женското вмрежување и иницијатива како клучен фактор за развој на локалните заедници.
Амбасадорот Sohlström внимателно ги сослуша присутните и порача дека Шведска останува посветен поддржувач на женското лидерство, еднаквоста и активното учество на жените во општествениот живот.








