Во организација на ЛАГ Агро Лидер, жени од руралните средини од Бучин, неодамна излегоа на симболичен, тивок и достоинствен марш за да го потсетат општеството на вистинското значење на борбата за правата на жените.
Со силна, но ненасилна порака, под мотото „Наместо цвеќе – права!“, тие укажаа на долгогодишното институционално игнорирање на нивните потреби и предизвици.
Оваа јавна акција е потсетник дека правата на жените не се подарок – тие се резултат на борба, солидарност и заедничко делување.
Погледнето го видеото од маршот на жените од руралните средини од Бучин





