Претседателките на женските кружоци и активни жени од руралните средини на општина Свети Николе и Лозово, учествуваа во тродневна работилница посветена на изготвување на програмите за 2026 година, јакнење на женските кружоци и развивање на тимската работа.
Првиот ден беше фокусиран на размена на искуства, препознавање на предизвиците со кои се соочуваат жените и поставување заеднички цели за идните активности.
Оваа иницијатива е дел од институционалниот грант поддржан од Акција Здруженска и The Kvinna till Kvinna Foundation, со цел зајакнување на улогата на жените во локалните заедници и нивно активно учество во креирањето на програми и проекти.





