Жени од Лубница и Конче учеа како да користат е-услуги

Во организација на Женска акција од Радовиш, жени од селата Лубница и Конче, учествуваа на обука за користење на општинските е-услуги што ги нуди општината Конче. Преку практични сесии, учесничките имаа можност да се запознаат со дигиталните услуги и начините за нивно користење, за да може да имаат полесен пристап до општинските сервиси.

Обуките се реализираа во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, кој го имплементираат Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово, со финансиска поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и Амбасадата на Шведска во Скопје.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.