Жените во Лозово ги дефинираат реалните потреби и решенија за локален развој

Во Лозово денес се одржа состанок со фокус-група, составена од локални жени, организирана како структурирана дискусија, за да се добијат квалитетни податоци за нивните социо-економски потреби и да се види колку се запознаени со постојните мерки за поддршка.

Учесничките ги споделија своите искуства, но и предложија нови решенија што би одговориле на реалните потреби на жените од руралните средини.

Оваа активноста ја реализира Граѓанската иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, во рамките на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Акција Здруженска и Хуманитарното здружение Мајка – Куманово, финансиран од Делегацијата на Европската унија и кофинансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.