Демографските политики и родовата еднаквост во Република Македонија: Мерките за унапредување на еднаквоста како мерки за зголемување на наталитетот
Здружението за унапредување на родовата еднаквост „Акција Здруженска“ и организацијата „Реактор – Истражување во акција“ до надлежните институции, на 08.11.2012 доставија документ со предлог мерки за креирање соодветни политики за зголемување на стапката на родност. Целта на овој документ е да се покаже дека мерките за унапредување на еднаквоста помеѓу жените и мажите не само […]
Извештај во сенка кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената
Извештајот во сенка е подготвен од Асоцијацијата за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ-ЕСЕ и Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здуженска.
Подготовка на Извештај за прогресот по однос на Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените и презентирање на наодите пред истоимениот Комитет на ООН – 05.08. 2012
По финализирање на Извештајот во сенка кон Конвенцијата за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жената, претставнички на ЕСЕ и Акција Здруженска учествуваа на пред сесијата на Комитетот за елиминирање на сите форми на дискриминација врз жените со цел да ги презентираат наодите по однос на прогресот кој РМ го постигнала од 2006 година […]
ЕВАЛУАЦИЈА НА НАПРЕДОКОТ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА
Име на проектот: ЕВАЛУАЦИЈА НА НАПРЕДОКОТ ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА КОНВЕНЦИЈАТА НА ОН ЗА ЕЛИМИНАЦИЈА НА СИТЕ ФОРМИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЖЕНАТА (co-aplicant) Времетраење: 01/11/2011 – 31/10/2012 Извор на финансирање: Центар за институционален развој имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка Цели: Проценка на напредокот во спроведувањето на препораките во областите на загриженост на […]
,,Информираноста на студентите и студентките за родовата проблематика и потребата за нејзина имплементација во наставните содржини на Филозофскиот факултет”
Во текот на 2011 е спроведено истражување од двајца волонтери на Акција Здруженска, студенти на Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“-Скопје.
Пет аналитички осврти-студии за прашања од областа на социјалната инклузија
Во рамките на програмската област Социјална инклузија, Акција Здруженска во текот на 2011 година изготви серија аналитички осврти со цел да ја промовира родовата анализа како алатка за креирање мерки и спроведување на политики од областа на социјалната инклузија. Во април месец излезе првиот аналитички осврт „Воведување на родовата анализа во истражувањата за социјалната инклузија“. […]
Конференција „ Кон функционален и ефективен модел за вклучување на родовата перспектива во главните текови, политики и практики во РМ „
30 ноември 2011 во Холидеј Ин, Скопје 11:00 – 14:00 часот Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска на 30 ноември 2011 година (среда) во хотелот Холидеј Ин во Скопје со почеток во 11.00 часот организира конференција на тема „Кон функционален и ефективен модел за вклучување на родовата перспектива во главните текови, политики и […]
Дебата „Воведување на родовата анализа во истражувањата за социјалната инклузија“
Здружението на граѓани Акција Здруженска организираше промоција на аналитички осврт „Воведување на родовата анализа во истражувањата за социјалната инклузија“ која се одржa на 13 април (среда) во просториите на ГЕМ Клуб во Скопје од 11:00 до13:00 часот. Целта на настанот беше да се отвори прашањето за родовите аспекти во политиките за социјална инклузија. Основа за […]
Конференција „Спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите од страна на органите/телата на ЕЛС„
Здружението на граѓани Акција Здруженска на 25 јануари 2011 во Холидеј Ин, Скопје одржа конференција „Спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите од страна на органите/телата на ЕЛС„ . На конференцијата беа презентирани резултатите од спроведениот мониторинг на работата на различните структури во 7 општини во однос на спроведување на обврските од […]
Форум „Ефективноста на постоечките практики на следење и оценка на напредокот во примената на специфичните политики за родова еднаквост во Р. Македонија: состојби и предизвици“
Здружението на граѓани Акција Здруженска на 21.12.2010 во хотел Холидеј Ин во Скопје одржа форум на тема „Ефективноста на постоечките практики на следење и оценка на напредокот во примената на специфичните политики за родова еднаквост во Р. Македонија: состојби и предизвици“ Целта на форумот беше да се разгледа прашањето на континуирано и систематско следење и […]