Предлог за реформа на националната машинерија за родова еднаквост во Република Северна Македонија

Акција Здруженска врз основа на направени истражувања и анализи на (не)функционирањето на родовата машинерија на РС Македонија, а во насока на борба со родовата нееднаквост и унапредување на положбата и правата на жените и девојчињата, подготви Предлог за реформи на механизмите за родова еднаквост на РСМ.

Предлогот ќе биде искористен за застапување во процесот на престојните измени и дополнувања на Законот за еднакви можности на мажите и жените.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.