Јакнење на капацитетите на жените од теренската мрежа преку работилница со Женскиот кружок Сачево

Жените од теренската мрежа на Организација на жени од Струмица учествуваа на работилница со Женскиот кружок „Сачево“, каде што се изработуваа планови за самостојно планирање, организирање и спроведување активности. Оваа активност е прв чекор во спроведувањето на пилот моделот насочен кон оспособување на соработничките од теренската мрежа за преземање иницијативи и успешно извршување на задачи […]
Анализа: Жените од Струмица, Босилово и Ново Село се соочуваат со многу бариери

Женското учество во локалните процеси на планирање и одлучување е ниско, симболично и несистемско, покажа анализата што ја направи Организацијата на жени – Струмица, конкретно за општините Струмица, Босилово и Ново Село. И покрај формалните механизми за граѓанско учество, жените, посебно оние во руралните средини, се соочуваат со повеќеслојни бариери – од недоволна информираност и […]
ВИДЕО: Жените од Тиквешијата бараат поголема улога во локалното одлучување

Жените од регионот, предводени од Организацијата на жени „Женско Лоби“ од Демир Капија, упатија порака за поголема вклученост во процесите на донесување одлуки кои ги засегаат сите граѓани. Во рамките на кампањата за јавно застапување „Жените од заедницата бараат…“, беа реализирани улични акции во Демир Капија, Градско и Росоман. Преку овие активности, организаторите имаа за […]
Неплатената грижа излегува на површина, жените бараат системски промени

Неплатената грижа за деца, стари лица и лица со попреченост, која најчесто паѓа на товар на жените, останува недоволно препознаена во локалните политики. Токму поради тоа, ЛАГ Агро Лидер ја започна иницијативата „Жените прашуваат – нашата грижа е видлива“, чија цел е да ја истакне важноста на ова прашање и да поттикне институционални промени. Преку […]
Работилница во Радовиш: Жените бараат подобар пристап до општинските е-услуги

Во организација на „Женска акција“ Радовиш, се одржа работилница во рамки на проектот „Зајакнување на жените за користење на општински е-услуги“, на која учествуваа жени од локалните женски кружоци од Конче, Ораовица, Злеово, како и од урбаните заедници УЗ5 и УЗ2 во Радовиш. На работилницата беа презентирани резултатите од спроведеното истражување за користењето и нивото […]
„Цветен круг“ – женски базар што ја слави креативноста и силата на руралните жени

Во организација на ЛАГ Агро Лидер, неодамна се одржа настан „Цветен круг“, кој ги обедини креативноста, традицијата и енергијата на жените од руралните средини, нудејќи им простор за промоција и економска афирмација. Преку изложба и продажба на рачно изработени производи инспирирани од цвеќе – венци, сувенири, свеќи, везови, природна козметика и декоративни цветни аранжмани, учесничките […]
Марш по повод институционалното игнорирање на потребите на жените

Во организација на ЛАГ Агро Лидер, жени од руралните средини од Бучин, неодамна излегоа на симболичен, тивок и достоинствен марш за да го потсетат општеството на вистинското значење на борбата за правата на жените. Со силна, но ненасилна порака, под мотото „Наместо цвеќе – права!“, тие укажаа на долгогодишното институционално игнорирање на нивните потреби и […]
Масовна посетеност на маршот по повод 8 Март

Стотици граѓанки и граѓани присуствуваа на годинашниот марш, кој се одржува традиционално по повод 8 Март. Со десетици транспаренти „Камерите гледаат, институциите мижат“, „Насилникот дома, а жртвата да бара засолниште?“, „Трпи си, пријави си, умри си“, „Пресуда: Виновни сте за соучество во злосторство“, „Safe city, Unsafe Women“, жените испратија порака дека во ова општество жената […]
(ВИДЕО) „Жените ткаат промени“: Креативен повик за акција и родова еднаквост во локалните заедници

Колективната сила, солидарноста и креативноста на жените се во фокусот на видеото „Жените ткаат промени“, кое преку симболиката на ткаењето ги поврзува нивните лични искуства, предизвици и надежи. Видеото испраќа силна порака за потребата од конкретни промени и активна вклученост на носителите на одлуки во унапредувањето на родовата еднаквост. Секоја рачна креација прикажана во видеото […]
Тридневна работилница за креирање програми и тимска работа

Претседателките на женските кружоци и активни жени од руралните средини на општина Свети Николе и Лозово, учествуваа во тродневна работилница посветена на изготвување на програмите за 2026 година, јакнење на женските кружоци и развивање на тимската работа. Првиот ден беше фокусиран на размена на искуства, препознавање на предизвиците со кои се соочуваат жените и поставување […]