Жените од селото Црнилиште, општина Свети Николе, ги посочија своите приоритети и потреби како основа за креирање подобри локални политики. Преку кампањата за застапување и поддршка се промовираат социо-економските мерки предложени од жените од Свети Николе и Лозово, со цел тие да бидат вклучени во локалните политики и да придонесат за подобрување на квалитетот на животот, економската сигурност и еднаквите можности.
Кампањата има за цел да ги поддржи промените што произлегуваат од реалните потреби на жените, поттикнувајќи развој на посилни, поинклузивни и поодржливи рурални заедници. Иницијативата испраќа јасна порака дека гласот на жените треба да биде слушнат и земен предвид при донесувањето на локалните одлуки.





