Во организација на организацијата Жена од Делчево, а рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“ се одржа мрежен состанок со активни жени и претставнички од заедницата, со цел заедничко планирање, размена на искуства и отворање простор за поголемо учество на жените во локалните процеси.
На средбата се разговараше за реализираните активности, беа разгледани досегашните приоритети и беа разменети мислења за прашањата кои најмногу ги засегаат жените на локално ниво. Учесничките истакнаа дека за креирање ефективни мерки е потребно пошироко вклучување на заедницата, со цел идните предлози и решенија да се темелат на реалните потреби на жените и граѓаните. Како следен чекор беше договорено приоритетите да бидат споделени и со месните заедници, со цел да се обезбедат дополнителни мислења, предлози и поддршка од пошироката локална заедница.





